Ocenite tekst
Нова тригодишна државна обврзница издадена од Министерството за финансии, од денес котира на Македонска берза.
На државата и се потребни седум милиони евра и со камата од 3,4 проценти тие средства ги бара на заем од домашните кредитори.
„Ве известуваме дека согласно поднесено барање од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од 07.05.2025 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници“, соопштија од Берзата.
Обврзниците издадени на 24 април, за наплата ќе пристигнат на тој датум во 2028 година. Емисијата е во вредност од 434.000.000 денари, бидејќи се издадени 43.400 вакви хартии од вредност со номинална цена од 10.000 денари.